Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот бодибилдер, Рич Пиана, поранешен мистер на Калифорнија почина во 47-та година од животот, откако две недели беше во вештачка кома.
Тажната вест на социјалните мрежи ја објави неговата поранешна сопруга, Сара Пиана.
„Во солзи пишувам дека Рич почина…. Не можам да верувам во ова. Толку сум тажна, срцето ми е скршено. Навистина допре до срцата на многумина и многу помагаше. Ме инспирираше мене на многу начини да го видам огромното влијание кое го имаше на луѓето ширум светот“, напиша Сара на Фејсбук, простувајќи се од поранешниот сопруг.
На 10 август тој беше однесен во болница, откако неговата девојка Шанел Џансен повикала итна помош, а се зборува дека е веројатно да се предозирал.
Кога болничарите пристигнале, Пиана не бил при свест, па е префрлен во болница каде е ставен во вештачка кома, пишуваат западните медиуми.
Рич беше голема Инстаграм и Јутјуб ѕвезда, а го следеа милиони луѓе. Настапуваше и во бројни серии и ТВ емисии.
Со бодибилдинг се занимаваше од својата 11 година, а призна дека над 30 години зема стероиди. Ги земаше толку често, што бројни колеги го молеа да престане. Имаше и сопствен бренд со додатоци за прехрана и облека за вежбање.