Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Џон Глен, првиот американец кој имаше орбитален лет околу Земјата во 1962 година, почина на 96 годишна возраст, соопшти Универзитетот во Охајо кој го носи неговото име.
Глен стана првиот американски астронаут којшто на 20-ти февруари, 1962-та година, со вселенското летало Френдшип 7 за речиси 5 часа ја обиколил Земјата. Децении подоцна, на 77-годишна возраст, беше најстариот човек кој летал со вселенски шатл.
Тој беше последниот од групата позната како „Меркур седум“, или седумината тест-пилоти коишто во 1959-та станаа првите астронаути на САД.
По службата како воен пилот во Втората светска војна и Корејската војна, Глен беше тест-пилот во американската морнарица и Маринскиот корпус, а во 1958-та година беше меѓу првите астронаути на Американската агенција за вселенски истражувања – НАСА.
Џон Глен воедно и беше познат и на политиката. Во 1964-та се кандидараше за сенатското место од Охајо, кое го доби 10 години подоцна. Својата сојузна држава ја претставуваше четири последователни мандати.