Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерката и режисерка Пени Маршал, првата жена чиј филм заработи над 100 милиони долари, почина во понеделникот во Лос Анџелес, на 75-годишна возраст, објави вчера нејзиниот агент.
Актерката позната по улогата во серијата „Laverne & Shirley“ од ’70-те години на минатиот век почина од компликација поврзана со дијабетесот, пишува во соопштението.
Со хит комедијата „Big“ од 1988 година, со Том Хенкс во главната улога (улога која му ја промени кариерата), Пени влезе во режисерската елита на Холивуд и стана првата жена режисер во историјата која со еден филм направи заработка од над 100 милиони долари во САД.
Goodbye, Penny. Man, did we laugh a lot! Wish we still could. Love you. Hanx.
— Tom Hanks (@tomhanks) December 18, 2018
Маршал работеше со голем број ѕвезди, меѓу кои Џина Дејвис, Мадона, Роберт Де Ниро, Робин Вилијамс, Вупи Голдберг, Дензел Вашингтон и Витни Хјустон. Токму таа на Марк Валберг му ја понудила неговата прва улога.