Почина првата Бонд девојка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јунис Гајсон, актерката која на филмското платно ја играше првата Бонд девојка, почина на 90-годишна возраст.

Јунис ја глумеше Силвија Тренч во дебитантското филмско појавување на агентот 007 во 1962 година во филмот „Dr. No“, а истата улога ја повтори и во вториот филм за славниот таен агент Џејмс Бонд, „From Russia With Love“.

Во текот на снимањето Гајсон му помогнала на Шон Конери да се смири, кој наводно бил нервозен пред за прв пат да ја изговори една од најславните филмски реплики – „Bond, James Bond“.

Веста за смртта на актерката беше објавена на нејзината официјална Твитер страница, а од неа се простија продуцентите од серијалот за Бонд, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи.

Џејмс Бонд во првиот филм го запозна во казино, каде му предложи да го зголеми влого. „Се восхитувам на вашата храброст, госпоѓице…хм…?“, беше репликата на Бонд. „Тренч, Силвија Тренч. Се восхитувам на вашата среќа, господине…?“, му одговори таа, по што следеше добро познатата фраза: „Бонд, Џејмс Бонд“.

Гајсон е родена во Сиреј, 1928 година. Пред да стане Бонд девојка, глумеше во голем број филмови и серии, а последен пат на екранот се појави во далечната 1972 година.