Почина пејачот на култните „Prodigy“: Кит Флинт пронајден мртов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кит Флинт, планетарно популарниот пејачот на култната техно група „Prodigy“ бил пронајден мртов во неговиот стан во Англија, пренесуваат британските и светските медиуми.

49-годишниот Флинт бил пронајден мртов утрово околу 8 часот по локално време во неговиот дом во Данмау, а причините за смртта не се познати. Одговорот за тоа треба да го даде обдукцијата.

„За жал 49-годишен маж е проглассен за мртов. Се чини дека се работи за природна смрт. Телото е испратено на обдукција“, изјави британската полиција.