Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најстариот човек на светот, Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Леон, Шпанија, почина на возраст од 112 години и 341 ден, објавија од Гинисовата книга на рекорди.
Во септември 2021 година, Гарсија го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот, пренесува „New York Post“.
Сатурнино де ла Фуенте Гарсија бил роден на 11 февруари 1909 година и зад себе остави седум ќерки, 14 внуци и 22 правнуци.
Бил висок само метар и пол, поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо тоа, почнал да работи како чевлар. Гарсија еднаш како рецепт за долг живот изјави дека никој не треба да биде повреден.