Почина најбогатата жена на светот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Наследничката на француската козметичка куќа L’Oreal Лилијан Бетанкур, најбогатата жена на светот почина вчера во 94-та година од животот, соопштија од нејзиното семејство.

Бетанкур беше 14. најбогата личност на светот, според магазинот Forbes кој нејзиното богатство го процени на 39,5 милијарди долари.

Откако во 2012. година се повлече од челната позиција на компанијата L’Oreal ретко се појавуваше во јавност, но нејзиното име остана присутно по медиумите.

Последните години од животот таа страдаше од деменција.