Advertisements
Славни

Почина модната икона Карл Лагерфелд

Култниот моден дизајнер Карл Лагерфелд почина на 86-годишна возраст, пренесува француското списание Closer.

Легендарниот моден дизајнер кој беше креативен директор на култниот бренд Chanel почина во својата 86. година од животот. Тој ги пропушти последните два модни настани од Chanel во Париз, кои се одржаа минатиот месец, но модната компанија изјави дека дизајнерот само се чувствува уморно.

Embed from Getty Images

Лагерфелд е роден во 1933 година, во Хамбург, а на чело на модната куќа која ја основаше Коко Шанел, беше повеќе од три децении. Годишно издаваше до осум колекции кои беа секогаш освежување и радост за модните уредници, обожавателите и колекционерите.

Германскиот дизајнер го промени неговото оригинално презиме Лагерфелт во Лагерфелд, бидејќи веруваше дека ова второво „звучи покомерцијално“. Беше еден од најплодните дизајнери во модната индустрија, а дизајнираше колекции и за сопствениот бренд и модната куќа Fendi.

Лагерфелд беше познат и по својот впечатлив изглед во доцните години од животот, редовно облечен во темни одела, со репче и темни очила за сонце. „Јас сум како карикатура на самиот себе и тоа ми се допаѓа“, имаше изјавено тој за својот изглед.

Причината за смртта на славниот дизајнер уште не е потврдена, но голем број почитувачи на неговото дело веќе се простуваат од него на социјалните мрежи.

Advertisements
To Top