Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По кратко срцево боледување на 59-годишна возраст почина Мирко Голомеиќ, сопственик на угостителскиот ланец Рагуза. Погребот ќе се одржи утре во 12 часот, на гробиштата во Горно Лисиче.
Мирко е основач и сопственик на семејната групација „Рагуза”, меѓу кои се и бутик-хотелот „Вила Рагуза” на Водно, ресторанот „Рагуза 919“, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк, како и ресторанот „Рагуза360“.
Бизнисот го почна во 1993 година, кога заедно со семејството го отворија ресторанот „Мирко 919”, кој сега е познат по името „Рагуза919“.