Почина Медлин Олбрајт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од рак, на 84-годишна возраст, почина Медлин Олбрајт, првата жена на функцијата државна секретарка на САД. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиното семејство.

Олбрајт беше родена на 15 мај 1937 година, а функцијата државна секретарка ја извршуваше во периодот од 1996 до 2000 година, а беше именувана од поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Пред ова, таа беше и амбасадорка на САД во Обединетите нации.

Олбрајт важеше за експерт за меѓународна политика и врвен дипломат, се залагаше за проширување на НАТО, намалување на ширењето на нуклеарното оружје и важеше за борец за човекови права.

Таа беше и професорка по меѓународни односи на Волш факултетот за надворешни работи при Џорџтаун Универзитетот.