Почина Маринка Ѓорѓевиќ – Мања, пејачката на „Дисциплина Кичме“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Почина пејачката Маринка Ѓорѓевиќ-Мања, која беше вокал на еден од најпознатите бендови од Србија, „Дисциплина Кичме“, објавија на официјалната страница од бендот.

„Не напушти нашата најубава Мањка! Маринка Ѓорѓевиќ“, напишаа од бендот. Причината за смртта на пејачката уште не е позната.

Мања се приклучи во бендот „Дисциплина кичме“ во 1990-те години од минатиот век, откако основачот на бендот, легендарниот басист Душан Којиќ Која се врати од Лондон повторно во Белград.