Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По кратко боледување, утрово почина македонскиот писател и поет Методија Фотев.
Фотев е роден на 14 март, 1932 година, во преспанското село Љубојно. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година.
Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.
Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг, соопштија од ДПМ.