Почина македонската писателка и книжевна преведувачка Тања Урошевиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера во Скопје, по тешко боледување, почина реномираната македонска литературна преведувачка и писателка Тања Урошевиќ.

Авторка е на романите „Аквамарин“ (2004), „Превид“ (2008) и „Ура, Арал!“ (2019), збирката раскази „Црвена нишка, магнетен прстен“ (2009), заедничката збирка раскази со Влада Урошевиќ „Размена на пораки“ (2013) и книгата „Три новели“ (2017). Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 2017 година.

Тања Урошевиќ со децении беше најквалитетна и најплодна преведувачка и афирматорка на руската книжевност во нашата културна средина. Таа има прведено и подготвено две антологии на руски раскази: „Ѓаволијада“ и „Кристален свет“ и за македонските читатели има приопштено бројни изданија на дела од руските класици. Ги подготвила преводите на македонски јазик на: „Мајсторот и Маргарита“ и „Театарски роман“ од Михаил Булгаков, „Доктор Живаго“ од Борис Пастернак, „Руска шума“ од Леонид Леонов, „Село“ од Иван Бунин, „Дарба“ од Владимир Набоков, „Писмата до Пастернак“ од Марина Цветаева и други.

Погребот ќе се изврши денес, среда (11 март), во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ во Скопје во 12 часот.