Почина македонската актерска легенда Мите Грозданов


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ноќеска, во Скопје, по кратко боледување, ноќеска во Скопје, на 75-годишна возраст почина македонската актерска легенда Мите Грозданов.

Грозданов ќе остане запаметен како еден од доајените на македонската театарска сцена и култен актерски лик на неговиот матичен Драмски театар во Скопје.

Во матичната куќа, Драмскиот театар, каде влезе 1967, по дипломирањето на белградската Академија и останата до пензионирањето 2008 година, тој оствари 90 улоги. Работеше и на радио, на телевизија и на филм, од каде неизсотавно е неговото појавување во „ Сутјеска“, на режисерот Стипе Делиќ, каде играше рамо до рамо со Ричард Бартон.

Желбата да го пренесе актерското мајсторство на помладите, ја оствари низ ангажаманот во неговиот приватен театар „ Македонија“ и со аматерите од КУД „ Јосиф Јосифовски“ , од Гевгелија. За својата работа тој освои многу награди и признанија : „ Златен ловоров венец“, на МЕСС во Сараево и награда од „ Млад Борец“, за улогата во претставата „ Партитура за еден Мирон“, „Сребрена колајна“, за монодрамата „ Дрво на ридот“, на фестивалот во Земун, награда од колегите за упаѓање за два дена во ликот на Луков, од претставата „ Црнила“, како и неколку награди од МТФ „ Војдан Чернодрински“, меѓу кои е и онаа за животно дело.

Мите Грозданов ќе биде погребан утре на пладне, на гробиштата во Долно Нерези. Претходно неговите останки ќе бидат изложени во црквата „ Свети Пантелејмон“, од 11:30 часот, а во 10 часот ќе се одржи комеморација во Драмскиот театар.