Почина Леонид Кравчук – првиот претседател на Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По долго побледување, денеска, на 88-годишна возраст почина Леонид Кравчук, првиот претседател на Украина, пренесе руската државна новинска агенција Риа Новости, повикувајќи се на украинските медиуми и извори на фамилијата Кравчук.

Кравчук во декември 1991 година, на првите непосредни претседателски избори беше избран за претседател на Украина, а недела подоцна го потпиша Беловешкиот договор.

Во јули 1994 година Кравчук прифати вонредни претседателски избори, кои ги загуби од Леонид Кучма.

Од 28 јули 2020 година до 21 феверуари 2022 година, тој беше претседател на контакт групата за решавање на состојбите во Донбас, пишува Риа Новости.