Почина легендарниот ски-скокач Мати Никенен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Легендарниот фински ски-скокач, Мати Никенен почина ноќеска во 55 година од животот.

Важеше за еден од најголемите натпреварувачи во историјата на скијачките скокови. Роден е во Јиваскила во 1963 година и во периодот од 1980 година до 1990 година доминираше на скокалниците ширум светот.

Никенен, познат како „летечкиот Финец“ е повеќекратен олимписки и светски шампион, освојувач на „Четири скокалници”.

Никенен кариерата ја заврши со вкупно 46 победи , 76 пати се искачи на подиумот. Во Сараево 1984 и Калгари 1988, Никенен освои пет од можни шест златни медали.