Почина легендарниот Френк Лукас – наркошефот кој заработуваше 1 милион долари дневно


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Култниот Френк Лукас, кој беше своевидна икона во светот на подземјето и бизнисот со нелегална трговија и шверц на наркотични средства во САД во средината на минатиот век, лик чија животна приказна беше инспирација за филмот „Американски гангстер” почина на 89-годишна возраст.

Неговиот внук Олдвин Ласитер наведе дека вујко му починал минатиот четврток од природна смрт во дом за стари лица во државата Њу Џерси.

Лукас во доцните 60-ти и на почетокот на 70 – тите години на минатиот век владееше со нарко пазарот во Њујорк . Станал познат кога хероиниот го превезувал во САД во ковчези со мртви војници, кои загинале на боиштата во Виетнам.

Неговиот хероин бил толку баран, што дневно заработувал по милион долари. На полициските служби им паднал во очи прв пат кога го виделе како носи скапа бунда од чинчила, што чинела 100.000 долари, како и капа од исто крзно вредна 25.000 долари. Така „пицнат“ Лукас се појавил на бокс мечот меѓу Мохамед Али и Џо Фрејзер во 1971.

Лукас бил уапсен во 1975 година и добил казна затвор од 70 години. Тој првата година во затвор станал поткажувач , така што отслужил само пет години од затворската казна , но набргу потоа пак се нашол во затвор , каде останал до 1985 година.

Неговиот живот послужил за мотив во филмот „Американски гангстер” , а ликот на Лукас го играше Дензел Вашингтон.