Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На 91-годишна возраст, денес, во болница во Рим, почина славниот италијански композитор и оскаровец, Енио Мориконе. Причина за смртта е минатонеделниот пад кој го доживеал култниот композитор, објави неговиот пријател и адвокат Џорџо Асума.
Имено, пред неколку дена Мориконе паднал при што ја скршил бедрената коска. Во моментот на неговата смрт, неговата сопруга Марија беше покрај него.
За време на својата повеќедецениска кариера, Мориконе твореше музика за филмовите „За грст долари“, „Беше еднаш на Западот“, „Малена“, „Недопирливите“, „Добар, лош и грд“. А, беше и шест пати номиниран за престижниот Оскар во областа на филмската музика.
Мориконе е роден во Рим на 10 ноември 1928 година. Последниот Оскар го доби 2016 година за музиката за филмот „Омразените осуммина“ од Квентин Тарантино, и тоа како најстар добитник во оваа категорија. Тој го освои и почесниот Оскар во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата.