Почина култната милијардерка Глорија Вандербил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познатата милијардерка, бивша манекенка, писателка и модна дизајнерка, Глорија Вандербилт, која беше едно од култните лица на американската богаташка елита, почина на 95-годишна возраст.

Глорија Вандербилт е легендарна претставничка на американското високо друштво, наследничка на милијардерот Реџиналд Клејпул Вандербилт. Веста за нејзината смрт за јавноста ја објави нејзиниот најмлад син, познатиот водител на CNN, Андерсон Купер , кој откри дека дури овој месец откриле дека неговата мајка има ретка форма на рак на желудникот.

Славата и фамата околу името на Глорија Вандербилт почнаа да се вртат уште во 30-те години од минатиот век, додека уште беше девојче, кога нејзината мајка и тетка и се бореа да станат тутори над неа, откако по смртта на таткото наследи огромно богатство. Во 1970-тите години се прослави со модна линија на џинс.

Љубовниот живот на Глорија со децении ги полнеше насловните страни на најпопуларните американски таблоиди и забавни списанија.

Беше во врска со легендарни фаци како Френк Синатра и Хауард Хјуз, а во брак со композиторот Леополд Стоковски и режисерот Сидни Ламет.