Почина југословенската фудбалска легенда со штипско потекло Шекуларац


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, во Белград, на 81-годишна возраст почина југословенската фудбалска легенда Драгослав Шекуларац.

Неговиот матичен клуб Црвена Ѕвезда ги информираше сите љубители на фудбалот дека почина втората клупска легенда Драгослав Шекуларац, познат како Шеки. Човекот кој беше симбол на фудбалот на едно време чие име и презиме со почит се изговара во целиот свет ќе остане запаметен по своите виртуозни дриблинзи на теренот.

Инаку Шекуларец е роден во Штип во Македонија на 8 ноември во 1937 година.