Актуелно

Почина Иван Карадак – творецот на модерната македонска сатира


Вчера, во Скопје, почина Иван Карадак, таткото на модерната македонска сатира.

Пошироката македонска јавност го знаеше по емисијата “Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Беше автор на театарските претстави: “Угоре високо – Удолу длабоко”, “Хумористична партија “, адаптацијата на текстот “Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма “Мајче” и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите “Коприварник”, сатиричните песни “Талкач по душата “, сатиричните песни “Записи врз водата”, куси сценарија “Лајач на месечина” и најновата книга афоризми “Мисли со Боцки “. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената “Цвеќе на карпатa “, познатите “Камчевци”, “Алф од Ново Лисиче “, “Ало Ало “, “Агенција осамени срца”, “Балканбенд ” и други.

Добитник на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top