Славни

Почина Ирв Гордон, газдата на легендарниот „Volvo“ кој имаше изминато 5 милиони километри

На 77-годишна возраст од животот почина Ирв Гордон, сопственикот на легендарниот автомобил „Volvo“ кој го држеше рекордот на автомобил со најголема евидентирана измината километража – 5.000.000 изминати километри.

Гордон со својот класичен Volvo P1800 стекна светска слава кога на 18 септември 2013 влезе во Гинисовата книга на рекорди . Поточно , во книгата влезе неговиот автомобил , кој со минати три милиони милји е прогласен за автомобил со најголема километража.Ирв во меѓувреме од фабриката Волво доби како подарок 780 Coupe и нешто помалку атрактивни C70 и XC60.

Во мај годинава Ирв со своето старо Волво извози 3,2 милиони милји , односно нешто повеќе од 5 милиони километри. Тој со Волвото ги пропатувал сите држави во САД , освен Хаваи.

Веста за смртта на Ирв ја објави страницата на Волво , а тој починал додека возел низ Кина.

Advertisements
To Top