Почина и вториот параглајдерист по несреќата во Крушево


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Почина и вториот параглајдерист, кој вчера беше пренесен во болница, по несреќата кај Мечкин Камен.

Педесет и шестгодшниот И.В од Украина во воздухот се судрил со педесет и четиригодишниот И.П. од Велика Британија, при што Украинецот почина на лице место, а вториот параглајдерист беше пренесен во Здравствениот дом во Прилеп.

Од страна на јавен обвинител наредена е обдукција на телата на починатите.

Извор: Макфакс