Почина градоначалникот на Гдањск кој беше фатално избоден со нож


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Павел Адамович, градоначалникот на полскиот град Гдањск кој 20 години беше на таа челна функција во градот, им подлегна на повредите кои ги доби откако на бина, пред публика, беше избоден со нож за време на еден хуманитарен концерт кој се одржа синоќа.

53-годишниот Адамович, кој на градоначалничката функција беше од 1998 година, после нападот и ранувањето со убоди од нож, беше во критична состојба откако му беше извршена петчасовната операција. Според лекарите, тој имал сериозни повреди на срцети, дијафрагмата и други внатрешни органи.

-Не можевме да го спасиме, изјави полскиот министер за здравство, Лукаш Шумовски за локалните медиуми.

Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор. По нападот синоќа тој пред публиката рече дека поранешната политичка партија на Адамович е виновна што тој бил во затвор во 2014 година за серија насилни напади.

Адамович веќе долго време беше цел на омраза во екстремно десничарските кругови поради неговата енергична одбрана на правата на мигрантите и бегалците и на ЛГБТ заедницата.