Почина фолк легендата Момо Николоски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фолк пејачот Момо Николоски, кој важеше за една од легендите на македонската народна музика, не успеа да ја добие битката со тешката болест од која страдаше изминатиов период.

Тажната вест ја објави на Фејсбук неговата сопруга, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.

Валбурга редовно информираше и за здравствената состојба на Момо при неговата хоспитализација. Бараше помош и поддршка, но Момо го загуби животот.

Во негова чест и убав спомен, ве потсетуваме на неговата легендарна појава во македонските народни приказни, заедно со уште еден култен лик – Ѓорѓи Колозов.

Популарниот фолк пејач кој беше дел од естрадата со децении, во јануари годинава откри дека има канцер на желудник. Неговата сопруга и колеги апелираа до јавноста да се донира за негово лекување во странство, се одржаа и хуманитарни настани, но потребната сума не беше собрана. Во своето последно интервју за ,,Фокус” Николоски раскажа дека бил во шок од дијагнозата, но како верувал дека ќе се избори со болеста.

-На 22-ри декември, значи пред месец и половина ми се смени целиот живот за еден миг. Тогаш ја дознав тешката дијагноза. Подолг период имав болки во стомакот, повраќање, но лекарите претпоставуваа дека се работи за чир. Редовно одев на контроли, секогаш сум бил доста внимателен кога е здравјето во прашање, ми се правеше гастроскопија во повеќе наврати. Не знам како ниту еден лекар не успеа да види за што станува збор и за жал, морам да констатирам дека се работи за лекарски пропуст, бидејќи на ниту една контрола претходно никој не забележал ништо. Да не одев на контроли, некако и ќе разберев, но вака… навистина е тешко. Но, на 22-ри, на лекарот нешто му беше сомнително, и по деталниот преглед ми беше соопштена тешката вистина. Веста за сите беше голем шок, одекна како бомба кај најблиските, но јасно ми беше дека следува период на борба и ја прифатив доста сталожено – раскажуваше музичарот во февруари годинава.