Почина филмскиот работник Горјан Тозија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, утрово, од пневмонија, на 68-годишна возраст почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм.

Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 стана директор и на државниот продуцент „Вардар филм“. Во тој период „Вардар филм“ ги сними филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“, и учествува во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија, „Миротворец“ и „Добредојде во Сараево“.