Почина екс кошаркар на Бостон на 26 години!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фабрисио Мело, кошаркар од Бразил, во минатото драфтуван од Бостон во НБА лигата, ненадејно почина на 26-годишна визраст.

Мело бил пронајден мртов во својот роден град Хуиз де Фори, во државата Минас Жераис. Според информациите тој заминал на спиење, а наредното утро неговото безживотно тело го пронашла неговата мајка.

Бразилецот во 2012 година како 22-ри пик на драфтот го избраа Бостон Селтикси. За славниот НБА тим Мело одигра шет натпревари, а потоа тимот го трјдува во Мемфис, па во Далас, но за овие две екипи никогаш не одигра натпревар.

До својата смрт, чии причини сеуште не се познати, играше во Бразил. Бразилските медиуми пренесуваат дека во текот на кариерата имал тешка повреда на главата.