Славни

Почина Дејвид Кох – еден од најбогатите луѓе на планетата

На 80-годишна возраст од животот почина милијардерот Дејвид Кох, еден од најбогатите луѓе на светот и еден од најпознатите донатори на Републиканската партија во САД.

Веста за смртта на Дејвид, кој беше на 11. Место на листата на Форбс за најбогати луѓе на светот, ја објави неговиот брат Чарлс Кох.

„Со тешко среце морам да кажам дека почина мојот брат Дејвид. Секој кој работел со него сигурно ја доживеал неговата огромна посебност и страст за живот“ – напиша во објавата.

Браќата Кох заедно го водеа еден од најголемите конгломерати „Кохинсдустрија“ кој го основал нивниот татко во 1940 година.

Кох тежеше 42 милијарди долари. Тој сев залагаше за слобода на пазарпт и за  намалување на мешањето на САД во војните ширум светот.

Кох беше филантроп и вложуваше во уметност, но и донираше пари за заболени од рак бидејќи и самиот преболел рак на простата.

Advertisements
To Top