Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера во Скопје, на 90-годишна возраст, почна Бранка Станковска, легендарната македонска радио и тв спикерка и водителка. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа.
Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.
Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.