Почина актерската легенда Милена Дравиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српската и балканска актерска легенда Милена Дравиќ почина синоќа, во Клиничко-болничкиот центар во Бежањиска коса, на 79-годишна возраст.

Милена таму беше на лечење, а последните неколку дена нејзината здравствена состојба се влошила, пренесува Novosti. Лекарите се обиделе да го спасат нејзиниот живот, но едноставно веќе немало што да се направи.

Пред две и пол години почина нејзиниот сопруг, уште една актерска легенда, култниот Драган Николиќ и оттогаш таа се бореше со болеста.

Минатото лето престојуваше во Пула и на Палаќ, каде беше промовирана монографијата за нејзиниот лик и дело.