Почина Абдилаќим Адеми – бившиот Министер за образование и наука од ДУИ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Почина Абдилаќим Адеми, поранешниот министер за животна средина и просторно планирање и Министер за образование и наука.

По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ и поранешен вицепремиер. Тој беше еден од основачите на ДУИ, но исто така извршуваше високи државни функции.

Адеми  беше потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор од 2008 година, министер за животна средина и просторно планирање од јули 2011 до  јуни 2014 година и министер за образование и наука во периодот од  јуни 2014 до  јануари 2016 година.

Абдилаќим  Адеми беше роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.

Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Беше член на ДУИ од основањето на Централниот Одбор и претседател на огранокот на ДУИ за општина Јегуновце.

Абдилаќим  Адеми беше оженет  и татко  на еден син.

Абдилаќим Адеми ке биде погребан денес на пладне на гробиштата во неговото родно село Шемшово во Тетово.