Почина Абази, носителот на независна советничка листа кој беше застрелан во Кичево


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Носителот на независна листа советници во Кичево Алит Абази кој беше застрелан на 27 септември во вооружен инцидентво Кичево, почина утрово на Скопските клиники, како последица на здобиените повреди.

Од Хируршките клиники информираат дека и покрај сите напори на лекарскиот тим, Абази починал во 4 часот утринава.

Во инцидентот покрај него, беа ранети и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница.

Абази беше опериран следниот ден и до пред неколку дена беше во стабилна состојба.

Од Основното јавно обвинителство по увидот, соопштија дека во Абази пукал А.А. и тоа од зад грб. За МВР овој инцидент не е поврзан со кампањата и локалните избори.

Лицето кое пукаше во независниот кандидат за советник во општина Кичево, доби 3триесетдневен притвор. А.А. од кичевското село Горно Строгомиште, веднаш беше уапсен.