Почина 21-годишниот Никола кој беше крвнички претепан во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


21- годишниот Никола Саздовски, кој минатата недела од страна на три лица беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда, почина подлегнувајќи им на повредите кои ги здоби.

Младото момче неколку дена беше во кома во КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Настанот се случил на 29.06.2018 година околу 17.30 часот кога Саздовски бил нападнат од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор.

Пријателите на младото момче веќе се збогуваат од него на социјалните мрежи.