Почетино се шегуваше и го натера Реал Мадрид да објави официјално соопштение


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шегата на тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино за тоа каде неговиот тим ќе престојува пред финалето во Лигата на шампионите, не беше најдобро сфатена во Реал Мадрид, па „кралевите“ дури реагираа и со соопштение за медиумите, пишува Спортски.мк.

Аргентинецот кој се поврзуваше со тренерското столче во Реал Мадрид разговараше со шпанските медиуми во текот на припремите на Спарси за големото финале во Лигата на шампионите кое ќе се одигра во Мадрид на 1-ви јуни.

„Ќе работиме на Валедебас, тренинг центарот на Реал Мадрид, а ќе бидеме сместени во хотел во негова близина. Го прашав Флорентино Перез дали ќе ни дозволи да престојуваме во комплексот, но ми беше кажано дека таму ќе можам да престојувам кога ќе станам тренер на Реал“, се пошегува Почетино.

После оваа изјава на Почетино брзо реагираше управата на актуелниот европски шампион кој се огласи со соопштение.

„Реал Мадрид е изненаден од изјавата на тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино во која зборува дека побарал неговиот тим да престојува во нашиот центар. Сакаме на сите да им биде јасно дека не сме добиле никакво барање. Нашиот клуб е на располагање на сите од УЕФА, Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Тотенхем. Ние единствено добивме барање за користење на теренините за тренинг и соблекувалните и истите се одобрени. Исто така сакаме да истакнеме дека смештајот е прашање кое го решава УЕФА во склад со организациските и сигурносните критериуми“, стои во сооштението на Реал.

Финалето помеѓу Ливерпул и Тотехем се игра на 1-ви јуни на „Ванда Метрополитано“.