Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Германскиот весник „Кикер“ откри нови детали од соблекувалната на Баерн после новиот кикс во Бундеслигата.
Според нивните информации формирана е „голема четворка“ од најголемите ѕвезди во тимот кои бараат смена на тренерот Нико Ковач.
Станува збор за Арјен Робен, Томас Милер, Франк Рибери и Матс Хумелс кои сметаат дека Ковач нема доволно искуство во голем клуб и дека не е спремен да го однесе клубот до посакуваните резултати.
Притоа, проблем е што со тимот многу малку работи на тактиката и Хрватот никогаш нема спремен план Б доколку мечот не се развива по начинот на кој сакаат Баварците.
Споменатите ѕвезди исто така не се задоволни од својот статус во тимот, најмногу Робен кој само четири пати одигра цел натпревар. Исто така Милер и Рибери оваа сезона почесто се на клупата отколку на теренот, додека Хумелс од почеток има несогласувања со Хрватот.
Сето тоа допринесува за лоша атмосфера во тимот, но раководството на Баерн го штити хрватскиот тренер и тврди дека нема да добие отказ дури и ако загуби дербито против Борусија Дортмунд во сабота.