Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Романската тенисерка Симона Халеп која вчера го освои престижниот Ролан Гарос, има македонски односно влашки корени од Македонија.
Македонскиот амбасадор во Атина Дарко Ангелов сподели текст на романски медиум кој пишува за Халеп, која во Романија ја нарекуваат „најсилната“.
„Тие се едни од најсилните Македонци. Тие се голема и почитувана заедница. Не бидејќи се богати, бидејќи ги негуваат македонските традиции и никогаш не скршнуваат од нив“, велат романските медиуми и додаваат.
„Халеп ќе ја следи семејната традиција и нејзиниот сопруг ќе има македонски корени. Може и да биде ром, што би било и подобро. Но таа нема да го прекрши семејниот збор“, додава медиумот.
За потеклото на Симона Халеп како Влаинка од Македонија пишуваат поголем дел од романските медиуми.