Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера, во рамките на 28-то коло на ПМФЛ екипата на Победа забележа минимален пораз од 1-0 во пелагониското дерби против Пелистер, па прилепчани се седум едноподруго дуели се без триумф во првенството.
На ова реагираше и преседателот на Победа, Гоце Ингилизов кој во пресрет на завршницата на шампионатот на Првата лига соопшти:
„Ситуацијата на табелата е многу лоша за нашиот клуб. Очекувавме во завршницата на првенството да спремаме тим за следната сезона, наместо да се бриме за опстанок. Наредните осум кола до крајот на шампионатот мораме да освоиме доволно бодови како Победа би се спасила од испаѓање од лигата. Очајна ни е играта кон противничкиот гол. Речиси два месеци немаме постигнато гол и тоа ги преминува сите граници. Но од друга страна пак сме доста солидни во одбраната и тоа не одржува во живот последниве десеттина кола. Сега влегуваме во критичната фаза од првенството во која мораме да бидеме поконкретни и похрабри во игрите затоа што само така резултатите ќе мора да стигнат. Буквално во ниеден натпревар и среќата не ни беше наклонета иако бевме подобри во натпреварите со Силекс, Шкупи, Брегалница, Македонија и Ренова… Но, за жал не успеавме да постигнеме погодок и покрај добрите шанси.
Продолжуваме понатаму, нема враќање назад. Во наредните натпревари мораме многу повеќе да мислиме на противничкиот отколку на сопствениот гол и да се надеваме дека ќе создадеме повеќе шанси за со тоа и да постигнеме голови кои ќе ни донесат и бодови. Стручниот штаб и фудбалерите се тие од кои зависат резултатите и мораме максимално да застанеме зад нив и да им дадеме подршка. Во просек имаме млад и неискусен состав од играчи кои индивидуално можат да напредуваат и нивните квалитети допрва ќе ги согледаме само доколку работат уште понапорно од досега.
Прилепската јавност а и ние како клупско раководство, од фудбалерите очекуваме подобри игри и подобри резултати. Никаде во Македонија нема публика како прилепската. Се надевам дека конечно фудбалерите на сите ќе ни приредат радосни моменти!!!“
До крајот на сезоната преостануваат уште осум натпревари за прилепчани во кои ќе се обидат да ја избегнат осмата озицијата на табелата која носи бараж за останување во лигата.