Поарчи 3 милиони долари за автомобил кој не планира да го вози


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Новиот модел Corvette 8 Stingray ќе влезе во серископроизводство во февруари оваа година, а од март веќе почнува испораката на примероците до новите сопственици.

На традиционалната аукција во американскиот град Скотсдејл, најновата Corvette C8 Stingray е продадена за 3 милиони долари, иако нејзината пазарна вредност има почетна цена од 60.000 американски долари.

Гордиот купувач е Рик Хендрик, извршен директор на групацијата „Хендрик Аутомотив Груп“, кој изјави дека воопшто нема да го вози овој автомобил, пренесува Auto Bild.

Тој одлучи да ја изложи новата Corvette Stingray во просторот на Хендрик Херитиџ центар во Шарлот, каде има уште 120 примероци од иконите на американската автомобилска индустрија.

Интересно е, слична изложба има Фернандо Алонсо, познатиот возач на Формула 1, кој ги чува во својот приватен музеј сите автомобили во кои се натпреварувал. Тоа дури и претставува клаузула во неговиот договор.

Auto Bild известува дека музејот на Хендрик се стекнал со култен статус меѓу американските љубители на автомобили, бидејќи во него се сместени модели на „Corvette“ управувани од кралот Леополд III од Белгија, пејачот Рој Орбисон, како и поранешниот претседател на Мексико, Густаво Дијас Ордас.