По зголемување на акцизата, поскапе цената на дизелот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дизел горивото од вчера, 1 јануари, 2018 година, чини 58,5 денари, што е за 3,5 денари повисока цена од претходната. Поскапувањето е резултат на зголемувањето на акцизата за дизелот.

Зголемувањето на акцизата беше најавено на почетокот на ноември при презентацијата на предлог буџетот за 2018 година. Тогаш министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека поскапувањето на дизелот нема да предизвика раст и на цените на другите производи.

Тој појасни дека зголемувањето на акцизата ќе придонесе за намалување на загадувањето, бидејќи ќе ги дестимулира граѓаните да возат дизел возила, кои важат за значителни загадувачи.