Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако вчера вечерта на бензиските станици ширум Македонија завладеа паника и хаос, инспекторите во вонредни контроли во неколку градови.
Оттаму велат не затекнале ситуација дека гориво се точи во лимитирана количина – нешто на што се пожалиле голем дел од потрошувачите до Регулаторна комисија за енергетика..
Пазарен продолжува со контрoлите и денеска.
„По вчерашните километарски колони – гужви на бензиските денеска нема. Работата тече нормално како во вообичаени денови.“
Во меѓувреме РКЕ со предупредување – оние трговци кои ќе се обидат да направат малверзации ќе им се одземе лиценцата. Претседателот Бислимовски се сомнева дека вчера имало такви кои се обиделе да профитираат во време на криза.
Од Владата и денеска смируваат дека државните резерви се полни и потреба од паника нема. Граѓаните да не складираат резерви од безбедносни причини. Апелираат и до трговците на мало да не ја ограничуваат сумата до која може да се точи гориво.
Инаку, на почетокот на неделава цените на горивата се зголемија за денар и половина како резултат на ценовните шокови на светските берзи по руско-украинската криза. В понеделник треба да се формира новата цена на горивата. Каква ќе биде – информација нема, но анализите покажуваат дека сите параметри кои влегуваат во пресметката на цената одат нагоре.