По цели 146 години Македонија ја укинува железничката линија Белград-Скопје-Солун


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После активно функционирање од цели 146 години, денес Македонски железници ја укинуваат редовната железничка линија Белград-Скопје-Солун, со што нашата земја останува без ниту една меѓународна железничка линија.

Експертите ова го толкуваат како резултат на неинвестирање во овој сектор што е една од причините за прекин на единствената меѓународна линија. Кај нас е веќе позната фактичката состојба дека железничките претпријатија тонат во долгови. Според листата што ја изготвува Министерството за финансии, објавена во февруари, Транспорт и врски има неплатени сметки од 45 милиони евра, а во наредните две години за плаќање ќе сигнат уште 12 милиони.

На ваквата одлука за затворање на единствената меѓународна линија реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ , велејќи дека Македонија стана железнички изолирана земја.

– По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград – Скопје – Солун. На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување. Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно.Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија. стои во соопштението на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.