Home Шоубизнис По тешка борба со карцином почина Драги Шпага

По тешка борба со карцином почина Драги Шпага

Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги – „Шпага“, почина на 52 години по кусо и тешко боледување.

На Драги му беше констатиран карцином на белите дробови.

Христов стана популарен во 2004 година, кога беше дел од првото реално шоу во Македонија „Тоа сум јас“. Тогаш победи, а како награда доби автомобил.

Драги беше познат урбан градски лик во Скопје, а беше познат и како првиот македонски порно актер откако во продукција на најпознатиот македонски секс шоп, ќе биде главниот машки „актерски“ лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден и на видеокасета односно ДВД формат. Но, Драги Шпага потоа никогаш повеќе не ја повтори ваквата улога.

Од најблиските пријатели и семејството вчера бил испратен во неговото вечно почивалиште.

Имаше 52 години. Беше и победник во реалното шоу Тоа сум Јас, а периките беа негов заштитен знак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …