По стравичната несреќа кај Адис Абеба приземјени сите „Боинг 737 Макс8“ од Етиопија и Кина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Етиопијан Ерлајнс“ ги приземји сите свои авиони од типот „Боинг 737 Макс 8“ и забрани летање на истите по вчерашното уривање на еден од авионите од овој модел при полетувањето од аеродромот во главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Во несреќата загинаа 157 патници и членови на екипажот на авионот. Авиокомпанијата соопшти дека како мерка на претпазливост ги приземјила четирите преостанати авиони „Боинг 737 Макс 8“.

Покрај националниот авиопревозник на Етиопија забрана за летање на релативно новиот модел на авиони на американската компанија Боинг воведе и кинеските авиосообраќајни власти.

Тие упатија на тоа дека ова е веќе втора насреќа за кратко време на авион од ваков тип. Имено при уривањето на „Боингот 737 Макс 8“ на индонезиската компанија Лајон Ер во октомври минатата година загинаа 189 лица. Кај двете несреќи има определени сличности соопштија кинеските власти.

Авионот на „Етиопијан ерлајнс“ од типот „Боинг 737 макс 8“ кој вчера се урна по полетувањето од Адис Абеба, придонесе Кина и Етиопија да го вклучат „црвениот аларм“ и да ги повлечат сите авиони од истиот тип.

Според првите информации урнатиот авион имал проблеми, откако пилотот побарал дозвола за враќање на аеродромот и што му било одобрено.

Експертите соопштуваат дека е рано да се каже вистинската причина за несреќа која се случи пет месеци по падот на уште еден авион од типот „Боинг 737 макс 8“. Во октомври авионот на индонезиската компанија „Лајон ер“ почнал да губи висина набргу по полетувањето и падна во море, при што загинаа 189 луѓе.

„Имајќи ги предвид сличностите на двата инциденти, во коишто учествуваа новоиспорачаните авиони ‘боинг 737 макс 8‘, донесовме одлука да ги суспендираме сите авиони од овој тип“, соопшти Кинеската агенција за цивилен воздушен сообраќај.