По ставањето крај на брачниот живот со Мајли Сајрус – се огласи Лиам Хемсворт


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холивудскиот актер Лиам Хемсворт се огласи прв пат во јавност после објавата за развод после седум месеци брачен живот од Мајли Сајрус, која веднаш потоа беше видена како се бакнува со друга девојка на јахта на езерото Комо.

Хемсворт на социјалните мрежи објави фотографија од зајдисонце, порачувајќи дека на Мајли ѝ посакува здравје, среќа и сè најдобро во животот.

„Мајли и јас веќе не сме заедно и ѝ посакувам сè најдобро. Ова е приватно и нема да го коментирам во медиуми. Сите коментари од мое име кои евентуално ќе ги видите во иднина се лажни. Мир и љубов“, напиша актерот.

Контроверзната пејачка Мајли Сајрус најави развод и минатата недела замина на летување со блогерката Кејтлин Картер, каде беа фотографирани како се бакнуваат на приватна јахта.