Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По скандалот со прескокнувањето на стиховите во кој се спомнуваат македонските великани Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, а за кој во јавноста се крена огромна лавина реакции, Тамара Тодевска под огромен притисок се реши да ги откаже двата претстојни концерти и тоа настапот на Пивофест во Прилеп, како и нејзиниот настап во Охрид.
„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор.
Со почит, Ваша Тамара“, напиша пејачката на Facebook.
Инаку, за многумина „грешката“ на Тамара била тенденциозна со намера да се испита кај јавноста како ќе помине изоставањето на националните херои, со крајна цел промена на химната. Сето ова се случува во период во кој Македонија го смени своето име и потпиша договори со Грција и Бугарија, кои се уште ја оспоруваат македонската историја и идентитет.