Актуелно

По самоубиството на Багдади, Абдулах Кардаш е нов лидер на Исламската држава

Само еден ден откако при воената акција за ликвидирање на лидерот на ИСИС, Аби Бакр ал Багдади, при која тој изврши самоубиство за време на нападот на американските специјалци во Идлиб, за нов лидер е именуван Абдулах Кардаш, пренесува Мкд.мк.

Него самиот Багдади го именувал пред својата смрт за иден лидер на Исламска држава, јавуваат американските медиуми.

За Кардаш нема многу информации, се знае дека некогаш му служел на Садам Хусеин.

„Багдади беше само фигура, не беше вклучен во секојдневните операции. Тој само кажуваше да или не, кај него немаше планирање“, кажале избори запознаени со функционирањето на поранешниот лидер на ИСИС за Њузвик.

Професорот по блискоисточни студии на Универзитетот на Париз Жан Пјер Фили кажа дека смртта на Багдади е голем удар за Исламска држава.

„Сепак, неговата смрт би можела да има уште помало влијание од убиството на Осама бин Ладена на Ал Каеда“, додаде тој.

Иако ја поздравија смртта на Багдади како пресвртница во борбата против тероризмот, европските лидери истакнаа дека Исламска држава не е целосно победена, што е спротивно на ставот на претседателот на САД Доналд Трамп.

Advertisements
To Top