По само осум месеци врска, Џенифер Лоренс „рипна в тавче“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната холивудска актерка и оскаровка, 28-годишната Џенифер Лоренс, се вери со нејзиното момче, 34-годишниот Кук Марони.

Оваа информација официјално ја потврди нејзиниот портпарол, пренесува списанието „People“. Тие пред да го преземат овој нареден чекор, беа осум месеци во врска, а се запознаа преку најдобрата пријателка на Џенифер, Лаура Симпсон.

Кук ја побарал за сопруга Џенифер во вторникот вечерта во ресторан во Њујорк, по што двојката излезе со насмевка, а актерката имаше огромен прстен на раката.

„Изгледаа дека прославуваат нешто и луѓето во ресторанот зборуваа за тоа. Прстенот е многу забележлив. Тие седеа во аголот, а таа носеше убав црн фустан со точки“, кажа човекот што седел во близина на двојката.

Марони работи во галеријата „Гладстон“ во Њујорк, во која се среќаваат многу познати уметници како Карол Дунхам (69), Ричард Принс (69), Аниш Капур (64) и Метју Барни (51). Пред оваа галерија, работел во музејот „Гагосијан“.

Џенифер и Кук почнаа да излегуваат само неколку месеци откако актерката раскина со режисерот Дарен Аронофски.