Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ИСИС објави аудио порака која, наводно, после речиси една година јавно ја упатува нивниот водач Абу Бакр ал-Багдади, ппренесува Си-ен-ен. Во пораката, прва од септември минатата година, маж им се обраќа на борците од ИСИС.
Во пораката, човекот на снимаката признава дека групите на ИСИС губат велејќи дека тоа е тест од Алах, и дека треба да се држат заедно.
Човекот вели дека неговите следбеници се тестирани со „страв и глад“, но вели дека „радосни вести“ ќе добијат оние што „трпеливо истрајуваат“.
На снимката не е наведен ни датум ни време на нејзиното снимање, но се чини дека се однесува на неодамнешните настани, вклучувајќи го и притворањето на американски пастор во Турција.
ИСИС го изгуби поголемиот дел од територијата која ја контролирале во Сирија и Ирак, а минатата година нивните припадници биле протерани од поранешните упоришта, градовите Рака и Мосул, од каде Багдади прогласи калифат во 2014 година.