По професија е „солар“, зеде годишен одмор за да игра на Мундијалот во Русија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Исланѓаните со својата одлична, борбена и срчна игра на теренот го направија едно од најпријатните и најнеочекувани изненадувања на Светското првенство во Русија, вадејќи реми од 1:1 против моќната (или можеби и не толку моќна, според резултатот и играта) машинерија на Аргентина.

Меѓутоа, нивното сензационално освојување на бод против Аргентинците е уште поважно доколку знаеме дека некои од играчите на Исланд се полу-аматерски спортисти, кои работат и на други места, а играат фудбал само во „слободно време“.

Биркир Мар Севарсон одигра 80 минути за Исланд, како и секоја минута во квалификациите на Мундијалот, а инаку работи во фабрика за сол.

Дневно работи осум часови, а како што тврди, тоа не го прави поради пари, туку едноставно му било досадно пред почетокот на Мундијалот.

„Тоа е нормална работа на Исланд. Понормално е да се работи во фабрика за сол, отколку да се оди на Светско првенство. Ќе изработам смена и потоа одам на тренинг“, вели играчот на Исланд.