По примерот на Нејмар: Максимов сам си ги откупил договорот за да дојде во Вардар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рускиот фудбалер Максим Максимов ова лето пристигна како големо засилување од Вардар, но сеуште нема лиценца за да настапува, а неговиот бивши клуб Тракаи ги обвини „црвено-црните“ за нерегуларности при трансферот.

Максимов поради проблемот со Тракаи не можеше да биде регистриран за Лига Европа, а сега Вардар чека ФИФА да го потврди трансферот за да може да го регистрираат за домашното првенство.

Тракаи пред неколку дена обвини дека тансферот е нерегуларен и дека во неговиот договор нема откупна клаузула. Сепак, се испостави дека нема откупна клаузула за заинтересираните клубови, но во договорот има клаузула според која доколку фудбалерот сака да си замине.

„Со Максимов ситуацијата беше јасна, тој имаше договор со Тракаи, но и откупна клаузула од 50.000 евра, кои мораше сам да си ги плати за трансферот. Ние од менаџерот бевме предупредени дека Тракаи може да прави проблем и дека можеби нема да успееме поради тоа да го регистрираме во УЕФА. Максимов сам си го плати трансферот. Тој замина во Москва за да им префрли пари на Тракаи. Тој сега е слободен. Парите ги плати според клаузулата“, обелодени Самсоненко.

Ова не е единствен пример во светот на фудбалот, ова лето и најскапиот фудбалер на светот Нејмар сам си ја плати откупната клаузула од 222 милиони евра, откако претходно потпиша спонзорски договор со катарската влада.